2019-07-09
Градски натпревар по Прва помош
Црвен крст на град Скопје во рамките на своите програмски активности на одделот за Прва помош со цел промоција и подигање на свеста кај младата популација за значењето на првата помош во секојдневниот живот, организираше Градски натпревар по Прва помош, категорија подмладок.
Натрпреварот се оддржa на 9 Јуни 2019 година на Средно Водно од 10.00 – 14.30 часот.
На натпреварот земаа учество 14 екипи од основните училишта и повеќе од 100 лица ,стручна служба, судии, манекени, шминкери на повреди и волонтери во негово организирање.
Пласирани екипи на овогодишниот натпревар:
- 1. ОУ “Круме Кепески”
- 2. ОУ “Рајко Жинзифов”
- 3. ОУ “Живко Брајковски” Унапредувањето на здравјето и безбедниот живот на луѓето како и првата помош завземаат централно место во нашата организација преку кој градиме издржан систем за привлекување и оспособување на нашите волонтери.