Пребарувај по датум:
2017-07-17

Градски натпревар по Прва помош за подмладок

Црвен крст на град Скопје во рамките на програмските активности по Прва помош оваа година по деветти пат организираше натпревар по Прва Помош во категоријата подмладок на ООЦК на град Скопје. Натпреварот се оддржа денеска, 12 Јуни 2017 од 10.00 часот на Средно Водно – Даре Бомбол.

Учество земаа 13 екипи од 5 Општински организации на Црвен крст на територија на град Скопје.

Првото место го освои екипата од ОУ “Рајко Жинзифов”-екипа 1-ЦК Чаир, второ место ОУ “Панајот Гиноски”-ЦК Чаир и трето место ОУ “Кристијан Тодоровски Карпош” од ЦК Карпош.

Продолжуваме да ја промовираме важноста на Првата Помош и спасувањето на животи.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.