Градски натпревар по ПП за подмладок
Црвен крст на град Скопје, по четврти пат организираше градски натпревар по Прва помош на категорија подмладок за најуспешните три екипи, од секоја општинска организација на Црвен крст на територија на град Скопје.
Со цел мотивација на ова категорија, се организира градски натпревар каде првите три екипи од 5-те ООЦК на територија на град СКопје се натпреваруваат меѓу себе.
Натпреварот се одржа на 07.06.2012 годин на Ул. Македонија пред Спомен куќата на Мајка Тереза, од 09:00 до 13:00 часот, по што следуваше прогласување на победниците.
Оваа година учествуваа 13 екипи од 5-те ООЦК на територија на град Скопје и една екипа од бегалците од Косово кои учествуваа ревијално.
Најуспешна екипа беше екипа од ОУ Гоце Делчев од ООЦК Центар со вкупно усвоени 614 бодови.
Целиот настан беше под покровителство не Компанијата за мобилна и фиксна телефонија ОНЕ.