Годишно свечено собрание на Црвен крст на град Скопје
На 14 март, Црвен крст на град Скопје го одржа своето годишно извештајно собрание со цел презентација на резултатите од 2017 година. Делегатите, гостите, партнерите, соработниците, волонтерите и сите останати присутни имаа можност да ја проследат презентацијата со сумирани резултати, но и да проследат филм во кој беа истанати 10 приказни од страна на корисниците на услугите во Црвениот крст. Младите од Клубот на млади ја разубавија свеченоста со изведба на дел од претставата „Театар во визба“. Партнерите кои не поддржуваа добија и благодарници, што е всушност наш начин да им се заблагодариме за нивниот труд, ангажман и промените кои ги прават во заедницата. Наградени беа Државна Лотарија на Македонија, Итна медицинска помош, Музеј на македонска борба за државност и самостојност како и неколку поединци, соработници и помагатели на нашите активности.