Пребарувај по датум:
2019-03-21

Годишно собрание на Црвен крст на град Скопје

На 14 март, во преполната сала во ДХО Даре Џамбаз се оддржа редовно годишно извештајно собрание на Црвен крст на град Скопје. На настанот, беа презентирани резултатите постигнати во 2018 година, активностите кои ја одбележаа годината како и успесите со кои сме посебно горди. Пред присутните се обрати и генералниот секретар на ЦКРМ, г.Саит Саити кој воедно го честиташе и претстојниот празник 17 март, денот на крводарителство во РМ и денот на формирање на Црвен крст на РМ. На собранието свој настап имаа и младите волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје кои се претставија со две музички нумери.  Во свечениот дел на собранието беа доделени доделени благодарници на наши соработници и поддржувачи и тоа на:

Кејтлин Рампи за придонес во реализација на активностите во Центарот за слепи лица на Црвен крст на град Скопје

Елена Милева за придонес во реализација на програмата за личен асистент на лице со попреченост

Михаил Василевски

Марина Србиноска

Панче Игнов

Кристина Георгиевска

Тамара Брнзеска

Саша Цветковски

За придонес во реализација на активностите на Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст на град Скопје

Шефкија Балтиќ за придонес во програма за помош и поддршка на мигранти/бегалци во Република Македонија

Учениците и наставничките од III 2 одд. ОУ 11 Октомври

Учениците и наставничките од IV2 одд. ОУ 11 Октомври

Учениците и наставничките од IV1 одд. ОУ 11 Октомври

За придонес во реализација на активноста на Црвен крст на град Скопје „Волшебна елка на желби“

Словачка амбасада во Република Македонија за придонес во реализација на општествено- хуманитарните програми и активности на Црвен крст на град Скопје

 

Јаготка Томовска за придонес во реализација на општествено- хуманитарните програми и активности на Црвен крст на град Скопје

Сања Матовска

Марио Стојкоски

Иван Трпковски

Нина Шкоф

Јована Чалоска

Марио Николовски

Ивона Георгиева

Илин Столески

Денис Димоски

Симеон Коруноски

Божиновски Давид

Синиша Зукиќ

За придонес во реализација на активностите на Клуб на млади на Црвен крст на град Скопје

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.