Пребарувај по датум:
2012-05-24

Го разубавуваме нашето опкружување

Во просториите на дневниот центар за лица со церебрална парализа Капиштец, волонтерите од клубот на млади реализираа работилница за уредување на просторот во центарот.

Во насока на разубавување на просториите во кои престојуваат штитениците со цвеќиња и украсни садници засадена беше површината во дворот.
Во активноста активно учествуваа и лицата со церебрална парализа.
На овој начин ја разубавивме атмосферата во која престојуваат лицата, но и самите создаваат навика и понатаму да се грижат и да ги негуваат садниците.
Оваа работилница е дел од активностите за подобрена социјализација и дружба со лицата со посебни потреби, поддржан од а.д. Комерцијална банка.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.