Пребарувај по датум:
2019-01-29

Ги развеселивме децата сместени во малите групни домови со рачно изработени чаршави од нашите волонтери

Ги развеселивме децата сместени во малите групни домови со рачно изработени чаршави од нашите волонтери

Црвен крст на град Скопје преку работилницата за работна интеграција на ранлива категорија граѓани КОПЧЕ, во согласност со претходно поставената цел за ефикасно искористување на вишокот облека заради придонес во зачувување на животната средина реализираше активност преку кои беа изработени чаршави. За активноста за шиење претходеше обука од страна на стручно лице за кроење и шиење на чаршави од материјали за реупотреба. 5 жени вработени и волонтери ја поминаа обуката. По обуката континуирано се изработуваа чаршави во пачворк техника. Материјалите кои се користеа беа од облеката која изминатиов период ја донираа граѓаните. За оваа активност се изработени 25 чаршафи и истите се донирани во малите групни домови каде се сместени деца во социјален ризик.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.