Пребарувај по датум:
2018-03-22

Гешталт терапија за лица во трето доба

Гешталт терапија за лица во трето доба

Во рамките на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на град Скопје од јануари месец со Гешталт Здружение Контакт се имплементираа три месечни сесии по гешталт терапија. Секој понеделник и среда во двата дневни центри за стари лица во ДХО „Даре Џамбаз” и ООЦК Чаир се реализираа гешталт терапии.

Основната цел на гешталт терапијата е да и помогне на личноста да постигне интегрираност и целовитост. Интегрираноста подразбира личност која е целина и која е составена од чувства, перцепции, мислење и физичко тело. Гешталт терапијата нуди психичко растење и развиваање, ширење и откривање на себе си. Сесиите беа наменети за лицата во трето доба односно за тоа колку е важно активното стареење за нив.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.