Пребарувај по датум:
2025-01-15

Gaming Hub / Гејминг центар за млади

Во рамките на партнерство помеѓу Црвен крст на град Скопје и UNHCR-Skopje, Агенцијата на ОН за бегалци, во ДХО „Даре Џамбаз“ отворен беше Гејминг центар за млади – ангажирачка едукативна средина која нуди можност за користење на слободното време на младите бегалци, баратели на азил и млади од локалното население. Тие континуирано го посетуваат центарот и покрај дружењето, игра и забава имаат можност да следат обуки за дигитални вештини од страна на двајца едукатори со што се зголемува дигиталната писменост и пристапот до дигитални уреди кај младите. 

Центарот е опремен со 10 гејмерски компјутери со соодветен софтвер, игри и периферни уреди , а она што е посебно важно е и поттикнување на креативноста, тимската работа, но и олеснување на интеграцијата и подобрување на менталното здравје на младите.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.