Пребарувај по датум:
2008-10-06

Фестивал на реката

Фестивал на реката

На 1 септември 2008 год ( среда) од 17:00 до 20:00 часот, Црвениот крст на град Скопје беше дел од манифестацијата “фестивалот на реката” организиран од страна на градот Скопје . Црвениот ксрт се вклучи со тимот за спасување на вода, тимот за спасување на планина и  тимот за вода и санитација кој презентираше дел од опремата и лабараторија.

Тимовите за одговор при катастрофи од општинските организации на Црвен крст Карпош и Кисела Вода даваа прва помош на повреди кои беа реалистично прикажани што кај граѓани предизвика голема заинтересираност. Уште еднаш нашето присуство помеѓу граѓаните на Нашиот град го искористиве за промовирање на нашите активности но и за презентација на едницата и нејзината подготвеност.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.