Пребарувај по датум:
2021-09-27

Фестивал на граѓански организации

Црвен крст на град Скопје заедно со општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје и оваа година беа дел од Фестивалот на граѓанските организации во организација на Civica Mobilitas кој се одржа во Градски парк.

Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, преку одредување на крвна група на заинтересираните граѓани, волонтерите го промовираа крводарителството како и центарот за прва помош на Црвен крст.

На штандот беа поставени и промотивни материјали преку кои посетителите имаа можност да се запознаат со дел од активностите кои се реализираат во склоп на нашата организација.

Граѓанските организации претставуваат значаен дел на заедницата во која делуваат, а иницијативата е многу важна за градење долгорочни врски и поттикнување на меѓусебна соработка.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.