2015-10-19
Есенска работилница во Центарот за церебрална парализа Капиштец
Како дел од активностите во рамките на проектот за социјализација на деца и млади со посебни потреби поддржани од Комерцијална банка а.д. Скопје, реализирана беше креативна есенска работилница.
На истата волонтерите од клуб на млади на Црвен крст на град Скопје заедно со штитениците од дневниот центар за церебрална парализа Капиштец изработуваа слики со есенски мотиви , животини од глина и најразлични есенски плодови. Како и секогаш сите имаа одлична забава исполнета со многу насмевки и позитивна енергија која ќе ги држи до наредната средба.