2017-11-07
Есенска работилница
Како дел од активностите во рамки на проектот за Социјализација на деца и млади со посебни потреби поддржан од а.д. Комерцијална банка, во Центарот за лица со церебрална парализа Капиштец се реализираше есенска работилница.
Со поддршка на волонтерите од Клуб на млади, корисниците изработуваа есенски цртежи, украсуваа фенерчиња со различни монистри и стикери, но и портрети со есенски лисја.
Во придружба на звуците на гитарата и многуте насмевки уживавме во заедничкото дружење.