2008-07-03
ERU Австрија
Од 21 до 29.06.2008година во Лаубег, Австрија се одржа меѓународен ERU тренинг семинар организиран од страна на Австрискиот Црвен Крст, на кој учество земаа и тројца претставници на Македонскиот Црвен Крст
Тренинг семинарот се оддржа во тренинг центарот на АЦК, а самиот тренинг семинар опфаќаше дистрибуција на вода, модули за прочистување на вода, масовна санитација, користење на ScanWater системот за прочистување на вода, микробиолошко и хемиско тестирање на вода, како и поврзување и монтирање на OxFam танкови во случај на катастрофа. На крајот на тренинг семинарот, тројцата наши претставници се здобија со сертификат со кој станаа членови на меѓународниот Water and Sanitation ERU (Emergency Response Unit).