Пребарувај по датум:
2015-03-31

Екскурзија Без ѕидови

Од 18 до 22 март на планината Плачковица, Тимот за одговор на планина претстојуваше со 25 ученика од Меѓународно училиште Нова.

5-те членови  на тимот имаа задача целосно  да ја организираат оваа несекојдневна екскурзија на овие ученици. Тоа подразбираше тренинг  за подигање на шатори, тренинг по прва помош, спуштање по карпи, доста печашење како и ориеантација во природа.

Ученици кои сами се пријавија за ваков тип на екскурзија сами си ја подготвуваа храната и си ги го средуваа привременото живеалиште , во планинарскиот дом Плачковица.

Црвен крст на град Скопје има одлична соработка со ова училиште, а со активноста таа дополнително се продлабочи и се зајакна. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.