2018-05-05
Едукативни и инклузивни работилници за лица со оштетен вид
Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се реализираа 10 едукативни и инклузивни работилници со волонтерите од ООЦК Центар кои оваа недела ги завршуваме со последната работилница.
Во текот на овие работилници корисниците се запознаа со информации и совети за здраво живеење и животни навики, сексуално преносливи инфекции и зависноти. Здравствената превенција е една од основните активности на Црвениот крст и е од голема важност за нашите корисници/лица со оштетен вид.
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“ поддржано од УСАИД и ЛЦИФ.