Едукативни активности за деца
Во Пунктот за бездомни лица на Црвен крст, од месец април се реализира нова содржина. Истата е насочена кон децата на бездомниците кои ги користат услугите во Пунктот и деца кои живеат во социјален ризик, развој на нивните моторички и когнитивни вештини, едукација и стекнување со нови знаења.
Активностите ги реализира едукатор со поддршка на практиканти/волонтери- студентки од катедрата Педагогија на Филозофски факултет. Наредните осумнаесет месеци, во континуитет ќе се работи со децата, а фокусот ќе биде ставен на извршување на домашните задачи, добивање помош во учењето, креативни и спортски активности и сл.
Оваа компонента е во рамки на проектот „Засилување на здравјето, пристапот, учеството и социјалната еднаквост во земјите на Западен Балкан“ финансиран од Австриското Федерално Министерство за Труд, Социјални Работи, Здравство, Грижа и Заштита на Потрошувачите и Австриски ЦК.