Едукативна работилница за членовите на Клуб 25- клуб на млади крводарители, мотиватори
На 14 Ноември, во просториите на Црвен крст на град Скопје се одржа едукативна работилница за членовите на клуб 25 Скопје, на која активно активно учествуваа и по два претставника од Клуб 25 на Црвен крст Охрид и Битола.
Работилницата беше со цел зајакнување на капацитеите на членовите на клубовите, унифициран пристап во работата како и вмрежување на волонтерите. Во рамките на едукативниот дел, тимот волонтери од Клуб 25 Скопје сподели информации за крвта и крвните продукти, патот на даруваната крв, мотивација/демотивација во крводарителство. Преку работа во групи и бура на идеи се поставија темелите на планот за 2016 година, а реализирана беше и демонстрирација на модел на едукативен час. Во рамките на работилницата посетен беше и Дневниот центар за дарување крв, каде волонтерите слушнаа повеќе за патот на даруваната крв од проф. д-р Миленка Благоевски од Институтот за Трансфузиона медицина Скопје.