Едукативна работилница – Психолошка прва помош и психо-социјална поддршка за време на пандемија
Во рамките на твининг програмата со Норвешки Црвен крст-Телемарк, планирани се 4 онлајн едукативни работилници. Втората online едукативна работилница ја организираше Црвениот крст на град Скопје и истата се оддржа на 23.06.2021, на тема: ,,Psychological first aid and psychosocial support during COVID-19-Youth support’’. Едукативната работилницата ги доближи реализираните активности за психо-социјална поддршка во рамките на Црвениот крст на град Скопје до колегите од Норвешкиот Црвен крст, реализирана беше и групна активност со психологот во ЦКГС наменета за психолошката добросостојба на младите. Целта на работилницата беше подигнување на свесноста за менталното здравје, знаците на траума, како и стратегиите за справување во услови на пандемија. Работилницата ја посетија 23 лица, млади од Општинските Организации на Црвен крст на РСМ и претставници од Норвешки Црвен крст.