Пребарувај по датум:
2008-10-19

ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА НА ВОДНО СО ДЕТСКО СОС СЕЛО

На ден 11 Октоври, Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје, организираШе едноднева екскурзија на Водно за децата од Детско СОС село. На активноста беа присутни  16 младинци од клубот, 23 деца од детското сос село, две СОС мајки и педагог.

Со организира автобуски превоз децата на возраст од 8-12 години беа превезени до центарот Даре Бомбол, каде беа организирани сите часови на престој.
Со својата програма младинците им подарија 4 часовно дружење на децата поткрепено со многу забава, игри, активности од едукативен карактер и  дружење.
Насмевките и радоста беа заеднички и  насекаде присутни.
Оваа акција беше поддржана и од Мек Доналдс, кој за оваа екскурзија донираше 50 парчиња овошна пита.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.