ЕДНОДНЕВЕН ТРЕНИНГ-СЕМИНАР НА ОПШТИНСКИТЕ
Црвениот крст на град Скопје во соработка со општинските организации во Скопје постојано се грижи за оспособување и кадровско и организационо јакнење на општинските тимови за одговор при катастрофи.
Во таа смисла на 16 ноември 2008 год на Водно се организираше еднодневен тренинг-семинар за оспособување на тимовите за правење на брза проценка при евентуална катастрофа, подигање и растурање на шатори и укажување на прва помош на реалистичко прикажани рани и повреди.
Домаќин на овој тренинг беше Општинската организација на Црвен крст Кисела Вода.
Тимот за логистика на ЕОК на ЦКРМ ги следеше активностите на подигање и растурање на шатори, правење на брза проценка и за храната на учесниците.
Тренинг семинарот беше успешен. Иако временските услови беа лоши, програмата се реализираше.