2019-07-09
Дружење во Зоолошка
Зоолошката градина е едно од омилените места за дружење на волонтерите на Црвен крст на град Скопје и корисниците од дневниот центар за церебрална парализа. Секогаш нуди интересни нешта па така и овојпат беше посебно и весело. Тимот од Зоолошка овозможи да се хранат жирафите но и присутните да уживаат во нивната убавина одблизу. Активноста е уште една од многуте активности кои се реализираат во текот на годината со оваа целна група во рамките на проектот за поддршка и социјализација на лица со посебни потреби подрржан од Комерцијална банка.