Дружење во Зоолошка градина
Корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години ,,Пролет” и центарот за церебрална парализа со волонтерите од Клуб на млади при Црвен крст на град Скопје, поминаа прекрасно попладне во Зоолошката градина. Baby Zoo е новото катче во Зоолошката градина кое за секое дете дури и возрасен претставува посебно доживување заради можноста да се хранат животните и да се има поблизок контакт со истите. Корисниците на центрите заедно со волонтерите уживаа во прошетката и одлично се забавуваа. За време на активноста беа запазени сите мерки за заштита од ковид-19.
Преку проект поддржан од Комерцијална банка, волонтерите на Црвен крст на град Скопје реализираат најразлични активности во насока на социјализација на корисниците од двата дневни центри но и подигнување на јавната свест за прифаќање на лицата со посебни потреби.