2016-12-22
Дружење во центарот за церебрална парализа
Дружење во центарот за церебрална парализа
Во рамките на активностите поддржани од Комерцијална банка, се организираше музичка работилница за лицата со церебрална парализа. Учениците од средното музичко училиште “Илија Николовски – Луј” го посетија центарот и на корисниците им покажаа дел од дувачките инструменти на кои истите свираат. Убавите звуци , дружбата со волонтерите на Црвен крст, учениците како и целата пријатна атмосфера за нив претставуваше едно посебно доживување. Штитениците имаа весел и исполнет ден, поразличен од нивното секојдневие.