Пребарувај по датум:
2019-07-09

Дружење со вработените од хотел Мериот

Дружење со вработените од хотел Мериот

Во соработка со одделот млади при Црвен крст на град Скопје вработените од хотел Мериот го посетија дневниот центар за церебрална парализа. За одличната забава се погрижи бендот 2Be како и учениците од средното музичко училиште Илија Николовски – Луј кои ги исполнуваа сите музички желби на корисниците од центарот, а слатките изненадувања приготвени за нив дополнително придонесоа сите да имаат весел ден исполнет со многу насмевки.

Хотел Мериот е позитивен пример  кој дава поддршка во активностите на Црвен крст на град Скопје , a приготвувањето храна и целосната посета на Центарот е во склоп со филантропска филозофија на ниво на групацијата Marriott, наречена Take Care Initiative. Преку оваа глобална иницијатива се поттикнува високото ниво на култура и свест на вработените кон заедницата и кон граѓаните.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.