Пребарувај по датум:
2010-12-27

ДОНИРАЈТЕ ЗА ПОВЕЌЕ НАСМЕВКИ НА ДЕТСКИТЕ ЛИЦА!

Со оваа порака ПРОМЕС и Црвениот крст на град Скопје ја започнуваат својата нова соработка.

Деновиве во продавниците на ПРОМЕС во Скопје, беа поставени кутии за донација на парични средства каде граѓаните по купувањето на намирниците можат да остават парични средства. Парите ќе бидат наменети за деца кои припаѓаат на ранливи групи на население.

Кутиите ќе бидат во продавиниците во текот на целата година, а по собраните први донации и нивната намена, граѓаните ќе бидат информирани преку флаери кои ќе бидат поставени веднаш до самите кутии.

Во поддршка на акцијата се вклучува и такси компанијата „НАШЕ ТАКСИ“ на чии возила ќе бидат поставени пораки за подигање на свеста  на грѓаните за допринос во заедницата во која живеат.

На следните локации се поставени кутиите:

Промес Драчево, Промес Ченто, Промес Расадник, Промес Бисер, Промес Аеродром, Промес ГТЦ, Промес Рузвелтова, Промес Ѓорче Петров 1 и Промес Ѓорче Петров

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.