2008-08-06
Донација за Заводот за деца и млади
Како дел од активностите по повод 26 јули е и донацијата на 2 клима уреди, телевизор и ДВД во Заводот на деца и млади со посебни потреби во Топанско поле.
Со оваа донација ќе се подобрат условите за активностите на штитениците во Заводот, во просториите каде поминуваат најголем дел од денот. Црвениот крст на град Скопје оваа донација ја реализира во соработка со мото клубот Потфат МЦ Македонија.