2012-03-20
Донација за пунктот
Нови постелнини, душеци, перници, машина за перење на алишта за бездомниците, панел греачи, туш кабина се само дел од артиклите кои на барање на Црвен крст на град Скопје беа обезбедени од црквата Jesus Christ of latter day saints.
Инспирани од работата во пунктот за бездомници и сето она што е Црвениот крст на град Скопје го направи за бездомниците во период на ладниот бран, претставниците на ова црква во месец март ја реализираа нивната донација.
Преку донацијата се задоволени потребите на пунктот со цел подобро екипирање и подобар одговор во следна вонредна ситауција.