2020-11-02
Донација за модуларната болница при инфективна клиника во Скопје
1.500 заштитни мантили денеска се донирани за персоналот во модуларната болница при инфективна клиника во Скопје од страна на Црвениот крст на град Скопје и 5-те Општински организации кои дејствуваат на територија на градот Скопје, Црвен крст Центар, Црвен крст Кисела Вода, Црвен крст Карпош, Црвен крст Чаир, Црвен крст Гази Баба.
На овој начин сакаме да им се заблагодариме на здравствените работници кои несебично се посветени на својата работа, на грижата за пациентите и поддршката на нивните семејства.