2012-03-27
Донација за децата болни од цистична фиброза
На 20ти Март во просториите на Црвениот крст на град Скопје беше заокружена акцијата 1 лајк, 1 денар која беше организриана во рамки на Кампањата „Разбудете се хумнаи 3’ во соработка со Дормео.
На настанот на кој присуствуваа претставници од Здружението за цистична фиброза, Дормео и Црвен крст на град Скопје беше оофицијално дониран апаратот/инхалатор наменет за децата со цистична фиброза. Со донацијата се придонесува за подобар квалитет на живот на децата со цистична фиброза.