2008-06-26
Донација во с. Миладиновци
Дечињата од детската градинка Росица, група Детелинка, во месец јуни организираа собирна акција на детска облека која сакаа да ја донираат на деца од социјално загрозени семејства.
По тој повод во соработка со Црвениот крст на град Скопје, на ден 25 јуни 2008 година, се спроведе донацијата во село Миладиновци, а 20-тина пакетчиња беа донирани на децата роми на возраст од 2 до 5 години.
Се надеваме дека со акции од ваков тип ќе ја поткренеме свеста на околината за важноста на хуманата страна на животот и ќе го разубавиме секојдневието на ранливите групи население.