Пребарувај по датум:
2013-04-11

Донација од Словенечки компании

Црвениот крст на град Скопје го поттикнува донирањето во заедниците каде компаниите дејствуваат.

Веруваме дека преку општествената одговорност компаниите се поврзуваат со граѓаните и со нивни проблеми и воедно се и изнаоѓаат и начини како истите да се надминаат.

На 10 Април на  Скопски саем со почеток во 18.00 часот во големата сала, Црвениот крст на град Скопје прими донација во вредност од 3.000 евра од Словеначки компании.

Десет компании кои функционираат во нашата земја се вклучиле во ова активност и тоа: Оне, Скопски Саем, Сава Осигурување, Тутунска банка, Триглав осигурување, НЛБ пензиски фонд, Љубљанкса млекара, Подгорка, Горење, ЛТХ Леарница Охрид, Мебло Мак и Туш. 

Чекот  лично го врачи Министерот за надворешни работи на Р.Словенија кој е на посета на нашата земја и кој воедно оствари средба со Словеначките компании и ја уважи нивната работа, ангажман и заложби за заедницата. 

Средствата се наменети за Дневниот цента за крводарување кој  ќе биде отворен наредна недала во Хуманитарниот Дом Даре Џамбаз.

Во  центарот граѓаните ќе можаат да даруваат крв, да добијаат повеќе инфомации за самата крв, да се вклучаат во активностите на клубот на крводарители и многу други нешта.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.