Пребарувај по датум:
2018-02-28

Донација на звучни апарати за мерење шеќер и притисок за лица со оштетен вид

Минатата година Центарот за поддршка на лица со оштетен вид учествуваше во хуманитарниот базар заедно со Лајонс клубот Св. Пантелејом, кој беше наменет за собирање средства за набавка на звучни апарати за мерење шеќер во крвта и крвен притисок, за лицата со оштетен вид.

Како резултат на оваа хуманитарна акција, на 21.02.2018 година Центарот за поддршка на лица со оштетен вид беше посетен од претставници на Лајонс клубот Св. Пантелејмон и беше доделена донацијата. Апаратите се поделени на десет корисници на Центарот односно лица со оштетен вид со цел подобрување на нивното секојдневие од здравствен карактер. Здравствената превенција е една од основните активности на Црвениот крст и е од голема важност за нашите корисници.

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.