Доделување на сертификати за лични асистенти на лица со попреченост
На ден 16.07.2019 во просториите на Црвен крст на Република Македонија беа доделени сертификати за 17 лични асистенти.
Сите кандидати кои ги посетуваа обуките за личен асистент на лица со попрченост, успешно го положија завршниот испит (писмен и устен дел пред стручна комисија за верификација на стекнатите знаења) се стекнаа со државно признат сертификат.
Во наредниот период планирани се спојувања помеѓу личните асистенти и корисниците на услугата.
Обуката траеше два месеца и истата беше поддржана од страна на Црвен крст на град Скопје и Црквата на Исус Христос и светците од подоцнежните дни.
Програмата за обуки за личен асистент на лица со попреченост ја разви Црвен крст на Република Македонија, а истата беше верифицирана од страна на Центарот за образование на возрасни. Програмата има за цел да им помогне на лицата со попреченост да постигнат поголема независност и целосно да ги исполнат своите права.