Пребарувај по датум:
2017-07-17

ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА УСПЕШНО ЗАВРШЕНИ ОБУКИ ЗА ЗАНАЕТИ

Обуките за занаети и обуките за личен раст и развој во изминатата година беа дел од секојдневието на 35 лица долгорочно невработени во рамки на проектот „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на труд“ имплементиран од Црвениот крст на Р.М. во партнерство со Занаетчиска комора на град Скопје, финансиран од Европска Унија во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4).

Обуките придонесоа за унапредување на нивните социјални и професионални вештини со што се зголеми и нивната подготвеност за вработување. Успешно завршените обуки за занаети беа заокружени со свечено доделување на сертификати во Музејот на град Скопје на 29 Јуни 2017. На овој завршен настан беа презентирани и резултатите од проектот кои присутните можеа да ги проследат преку вкусување на храна подготвена од готвачите и пекарите, средба со разубавени лица од страна на фризерите и шминкерите, разгледување на изложени производи изработени од филигранистите, кројачите, везачите и плетачите како и преку фотографии од козметичарите, браварите, клучарите, фотографите и сето тоа во прекрасно уредениот простор од страна на декоратерите на настани.

Црвениот крст на Р.М. и Занаетчиската комора на град Скопје и понатаму ќе продолжат со поддршката на овие лица се до крајно исполнување на нивната цел за вработување.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.