Доделени сертификати на лични асистенти на лица со попреченост
Во рамките на програмата ,, Лична асистенција на лица со пореченост,, успешно се реализираше уште една обука, петта по ред за лични асистенти.
Вкупно 12 кандидати успешно го положија финалниот испит со што се здобија со лиценциран сертификат за личен асистент.
На 16.12.2020 година во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија беа доделени сертификатите на личните асистенти.
Асистентите се здобија со сертификат за Личен асистент на лица со попреченост и се стекнаа со компетенции за самостојно помагање на корисниците, помош и поддршка на корисникот во домот, работното место, образовниот процес и заедницата како и компетенции за самостојно да води ефикасна комуникација, да дава психосоцијална поддршка и учествува во социјализација и ресоцијализација на корисникот.
За време на доделувањето на сертификатите беа запазени сите протоколи и мерки за заштита од КОВИД-19