Пребарувај по датум:
2023-12-28

Доделени сертификати на лични асистенти на лица со попреченост

Црвен крст на Република Северна Македонија – Црвен крст  на град Скопје во рамки на програмата ,, Лична асистенција на лица со пореченост,, успешно реализираше уште една обука, десетта по ред за лични асистенти.

Доделени сертификати на лични  асистенти на лица со попреченост

Вкупно 16 кандидати успешно го положија финалниот испит со што се здобија со лиценциран сертификат за личен асистент.

На 26.12.2023 година во просториите на Едукативниот тренинг центар беа доделени сертификатите на личните асистенти.

Асистентите се здобија со сертификат за Личен асистент на лица со попреченост и се стекнаа со компетенции за самостојно помагање на корисниците, помош и поддршка на корисникот во домот, работното место, образовниот процес и заедницата како и компетенции за самостојно да води ефикасна комуникација, да дава психосоцијална поддршка и учествува во социјализација и ресоцијализација на корисникот.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.