Пребарувај по датум:
2019-12-04

Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “ПРОЛЕТ”

Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “ПРОЛЕТ”

Црвен крст на град Скопје во соработка со Општина Центар – Скопје свечено го отвори Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години ПРОЛЕТ.

На отварањето на центарот присутвуваа и градоначалник на град Скопје г. Петре Шилегов, градоначалиник на општина Центар г. Саша Богдановиќ а свое обраќање имаше и  секретар на Црвен крст на град Скопје г-ѓа Сузана Т.Пауновска.

Дневниот Центар преку организирање на креативни работилници и едукации ќе има за цел социјализација и интеграција на лицата со интелектуална попреченост во општеството. Работното време на Дневниот Центар ќе биде секој работен ден од Понеделник до Петок од 08 до 16 часот.

Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “ПРОЛЕТ”

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.