Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет” слави прв роденден
Црвен крст на град Скопје во соработка со Општина Центар минатата година го отвори првиот Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години на територија на Општина Центар. Дневниот центар преку организирање на креативни едукации и работилници има за цел социјализација и интеграција на лицата со интелектуална попреченост во општеството, заедно со волонтерите од клуб на млади на Црвен крст на град Скопје и волонтерите од ООЦК Центар.
Првиот роденден на Дневниот центар, го прославивме со доделување подароци со поддршка од нашите донатори, за сите корисници кои ги користат услугите на Дневниот центар, направивме мало одбележување, кое за нас и за нашите корисници многу значи. Нивната насмевка и нивната среќа прави да заборавиме на се.