Пребарувај по датум:
2020-03-16

Дневен центар за дарување крв

Согласно годишниот интегрален план за крводарителски акции за 2020 година, за овој период беа планирани крводарителски акции во средните училишта и факултетите. По донесените мерки на Владата на РСМ, истите нема да работат, а во насока на прилагодување на новонастанатата сотојба, би сакале да ве информираме дека Црвениот крст на град Скопје,  ќе го прошири работното време на Дневниот центар за дарување крв. Во наредниот период, сите хумани граѓани може да не посетат во просториите на Центарот (ДХО „Даре Џамбаз“)и да даруваат крв секој работен ден од 10:00-17:00 часот, но и сабота и недела од 09:00-15:00 часот.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.