Дневен Центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје – „Нова локација за вашата хуманост“
(Црвен крст на Република Северна Македонија,Црвен крст на град Скопје/ Алкалоид а.д. Скопје /Институт за Трансфузиона медицина)
Доброволното дарување крв претставува одраз на високи етички, хуманирани и морални вредности. Да се дарува крв и да се спаси нечиј живот, воден од алтруистички побуди е благородно дело. Црвен крст на град Скопје, со координативна улога помеѓу 5-те ООЦК, постојано е активен во промовирањето и унапредување на крводарителството на територија на нашиот град.
Чекор понапред во процесот на унапредување на крводарителството на територија на град Скопје претставува и отварањето на Центарот за дарување крв. Дневниот центар се наоѓа во ДХО „Даре Џамбаз“ и примарно е место каде потенцијалните крводарители може да даруваат крв, но во просториите на истиот имаат можност да се дружат, разменат идеи и искуства, а потенцијалните крводарители преку наменски печатените и поставени информативни материјали за крводарителство може да добијат корисни информации за крводарителството. Од отворањето на Дневниот центар за дарување крв во 2013 година, па се до денес, во просториите на истиот реализирани се 14 665 единици крв од самоиницијативни дарувања и од акции организирани од страна на ООЦК.
Последниве неколку години, поддршка за успешно работење на Дневниот центар за дарување крв дава „Алкалод“ а.д. Скопје