Дистрибуција на вода
За прв пат ова година Младите од клубот на млади на Шуто Оризари дистрибуираа вода во својата заедница, во Шуто Оризари.
Нивните сожители беа пријатно изненадени од самата акција но и од вклученоста на младите во ваков тип на активноста.
Црвен крст на град Скопје во соработка со градот Скопје а по препораките на Министерсво за здравство е присутен на терен со своите мобилни тимови со цел помош и поддршка на населението.
На граѓаните им се делат шишиња вода, едукативни фалери со совети како да се заштитаат од топлото време и топлотните бранови и по потреба им се мери крвниот притисок.
Мобилните тимови беа и се присутни низ најфрекфентните места низ градот, особено на главните улици каде циркулираат автобусите и има автобуски постојки на кои граѓаните го чекаат содветниот превоз. Тимовите се излезени на терен веќе во 11:00 часот. На дневна основа се дистрибуират од 700-1000 шишиња, пакувања од 0,5 литри.
Во целата активност се вклучени 50 волонтери на Црвен крст на град Скопје, членови на ТОК (тим за одговор при катастрофи).
Бесплатната СОС линија 3221- 902 за топлотните бранови непречено функционира секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот