Пребарувај по датум:
2020-07-27

Дистрибуција на помош за лица бегалци од Косово и лица без документи

Вонредната состојба предизвикана од Ковид-19, е исклучително тешка за сите граѓани, а особено за лицата бегалци од Косово и лица без документи, кои и понатаму се едни од најранливите категории во нашата земја.
Црвен крст на град Скопје, со поддршка на долгогодишниот партнер UNHCR-Skopje, реализираше набавка на прехранбени артикли, кои согласно протоколите и стандардите на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, се спакувани во пакети за на крај да стигнат до овие корисници.

Од магацинските простории на Црвен крст во Момин Поток, 250 корисници ќе можат да ја подигнат хуманитарната помош наменета за нив. Со ова заеднички им помагаме во ублажување на нивната ранливост и полесно секојдневие.
Во втората фаза, со хуманитарната помош ќе бидат опслужени лица од овие категории кои се во изолација и самоизолација.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.