2017-06-01
Дисеминациска сесија
Дисеминациска сесија во рамките на недела на Црвениот крст
Во рамките на проектот „ Училишните клубови за едукација и превенција на Црвен крст на град Скопје“ поддржан од град Скопје, а поврзани со недела на Црвениот крст на РМ, изминатата недела беа организирани две дисеминациски сесии за професори и одговорни ученици. Вкупно 15 лица беа дел од едукациите преку кои учесниците се запознаа со историјатот на организацијата, принципите на организацијата, амблемот кој се употребува како и Женевските конвенции. Во вториот дел беа опфатени активностите кои се реализираат во нашата земја како и можностите кои им се отвараат преку едукации, кои може да се спроведат во самите училишта.