Дисеминациска сесија за лични асистенти и негуватели
Во изминативе два месеци во рамките на Сервисот за лична асистенција на лица со попреченост и Сервисот за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, во тек се обуки за обучување на нови лични асистенти и негуватели.
На ден 29 октомври се реализираше дисеминациска сесија за кандидатите од двете обуки. 11 асистенти и негуватели беа запознаени со почетоците на настанување на Црвениот Крст, со ликот и делото на Анри Динан, основните принципи по кои се води Црвениот Крст, начинот на работа, амблемите, Женевските Конвенции како и основањето, почетоците, начинот на работа на Црвениот Крст на Република Северна Македонија и сервисите кои што се во надлежност на Црвен Крст на град Скопје.
За време на обуката беа почитувани протоколи за заштита од ковид19.