2019-08-22
Дисеминација за вработени, 70 години Женевски конвенции
На 22 август се одржа дисеминациска сесија за вработените во Црвен крст на град Скопје . На обуката присуствуваа вкупно 11 лица и истите добија освежување на своите знаења за историјатот на Црвениот крст, принципите на Црвениот крст, компонентите како и структурата на Црвен крст на РМ и полиња на дејствување. Акцентот беше ставен на Женевските конвенции бидејќи оваа година одбележуваме 70 години од нивното усвојување на 12 август 1949 година. Истите претставуваат хуманитарни правила кои мора да се почитуваат за време на војни и кон непријателот. Црвениот крст прави заложби преку редовни дисеминациски сесии за нивно промовирање а со тоа запознавање и почитување на истите.