Пребарувај по датум:
2017-02-27

Дисеминација за волонтерите, практикантите и ново ангажирани лица

На 23 февруари се одржаа дисеминациска сесија за новите волонтери, практиканти и и ново ангажирани лица во редовните на Црвен крст на град Скопје. Целта беше едукација за историјатот и потеклото на организацијата, употреба и злоупотреба на амблемот, објаснување на принципите, Женевските конвенции, организациона поставеност и аспектите на работењето на Црвениот крст во целата држава. Вториот дел од сесијата беше презентација за начините на фотографирање со акцент на користење на знакот и неговата поставеност на самите фотографии кои се прават за време на реализација на активностите повеќето пати од тимовите кои дејствуваат на терен. Вкупно 9 лица беа дел од овие обуки. Истите претставуваат ориентациско-дисеминациски пакети за новите членови во нашата организација.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.