2016-02-21
Дисеминација за тимовите во Гевгелија
Во период од 18 до 19 февруари се одржаа три дисеминациски сесии за тимовите ангажирани на терен во Гевгелија.
Целта беше едукација за историјатот и потеклото на организацијата, употреба и злоупотреба на амблемот, објаснување на принципите, Женевските конвенции, организациона поставеност и аспектите на работењето на Црвениот крст во целата држава. Вториот дел од сесијата беше презентација за начините на фотографирање со акцент на користење на знакот и неговата поставеност на самите фотографии кои се прават за време на реализација на активностите. Вкупно 42 лица ангажирани на терен беа дел од овие обуки. Истите претставуваат дисеминациски пакети за секој нов вработен, волонтер или пак практикант во организацијата.