Дисеминација за тимовите ангажирани во прифатниот центар за мигранти и бегалци-Табановце
Во период од 05 до 07 април се одржаа четири дисеминациски сесии за тимовите ангажирани во прифатниот центар за мигранти и бегалци-Табановце.
Целта беше едукација за историјатот и потеклото на организацијата, употреба и злоупотреба на амблемот, објаснување на принципите, Женевските конвенции, организациона поставеност и аспектите на работењето на Црвениот крст во целата држава. Вториот дел од сесијата беше презентација за начините на фотографирање со акцент на користење на знакот и неговата поставеност на самите фотографии кои се прават за време на реализација на активностите повеќето пати од тимовите кои дејствуваат на терен. Вкупно 43 лица беа дел од овие обуки. Истите претставуваат дисеминациски пакети за секој нов вработен, волонтер или пак практикант во организацијата.