2013-04-03
Дисеминација за студентите од Шумарски факултет
Студентите од Шумарски факултет во Скопје поттикнати од хуманата мисија на Црвениот крст изразија желба да се вклучаат во нашата организација.
На нивна иницијатива се формираше основна организација на млади на Црвен крст на Шумарски факултет.
Со цел подобро запознавање со организацијата и активностите во кои може да се вклучаат младите, се организираше дисеминациска сесија преку која се објасни структурата на организацијата, одделите на дејствување и можностите за заеднички иницијативи.